Главчев прво засилување за Работнички

Доскорешниот бек на Блокотехна, Горан Главчев е прво засилување за Работнички и новиот тренер Димитар Мираковски.

Главчев (26 години, 191 см.) во последните две сезони  настапуваше за Блокотехна со која триумфира во БИБЛ лигата. Поради повреда, тој го пропушти финишот од сезоната во која неговиот поранешен тим загуби во полуфиналето од идниот тим.

Со ангажманот на Главчев, започнува реконструкцијата на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија. На местото на тренерот Докузовски, дојде довчерашниот бек Мираковски кој ќе мора да бара замени за Ѓорѓи Чековски кој замина во пензија, одличниот Чавдар Костов кој си замина, а договорите на крајот од сезоната им истекоа на Крстевски, Караџовски, Јаневски и Стајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот