ГЛАСНИ ИЛИ ТИВКИ ВО КРЕВЕТ: Конечно момците го кажаа своето!

Без разлика кој каков тип на љубовник е, ниту пак дали сте маж или жена, тишината за време на сексот асоцира на здодевност и е показател дека нешто не е во ред.

Сите звуци за време на сексот укажуваат дали некој потег е добар, а според интензитетот и начинот на испуштање на звуците, може да се заклучи дали нештата се движат во вистинска насока.

Мажите сметаат дека жена која само лежи и чека партнерот да ја заврши својата работа, колку и да е атрактивна, е здодевна. Тие сакаат партнерката еднакво да учествува во сексуалната игра, да ги допира, да ги бакнува и да воздивнува. И мажите и жените уживаат кога ги слушаат извиците на партнерот за време на секс, а тоа може да влијае и стимулативно врз либидото.

Што се однесува до жените, пак, некои сметаат дека доколку се гласни, им ја креваат самодовербата на своите партнери, мотивирајќи ги со тоа да бидат уште подобри љубовници. Меѓутоа, гласното викање некогаш може да изгледа и како глумење, особено кога е во прашање оргазмот.

Затоа, најдобро е да се биде гласен колку што е голема потребата која доаѓа „однатре“ за време на сексот, без притоа да се ризикува партнерот или партнерката да мораат да ги заштитат ушите од прегласни звуци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот