„Гласен текстилец“: Не потпишувајте спогодбени откази, нема веќе надомест

Од „Гласен текстилец“ алармираат работниците да не потпишуваат спогодбени откази, затоа што ќе останат без надоместок за вработување од страна на Агенцијата за вработување.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, за „Слободен печат“ објаснува дека само два месеци и оние кои потпишаа спогодбен отказ, може да добијат и надомест

– Особено во почетокот на пандемијата имаше многу злоупотреби од страна на работодвачите и работниците не беа запознати дека ако потпишат спогодбен отказ ќе го загубат своето право и затоа се донесе уредба. Со посебна уредба се овозможи сите на кои им престанал работниот однос, независно од тоа дали потпишале спогодба, или пак добиле отказ, два месеци да можат да користат надомест во случај на невработеност преку Агенција за вработување. Ова уредба имаше кусо траење, ние баравме да се донесе за подолг рок, но од друга страна, цело време повторуваме и апелираме работниците да не потпишуваат спогодбени откази– вели Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Уредбата со законска сила со која се прошири опфатот на лицата кои може да примаат надоместок од Агенцијата за вработување е објавена  во Службен весник број 136 на 26 мај, а според неа сите оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен престанок на работен однос или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, можеа два месеци да примаат паричен надоместок. Пријавувањето за надоместокот беше најдоцна до 26 јуни, а тој се исплаќаше во јули и во август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот