„Гласен текстилец”: Конфекциите во Штип да ги пуштат вработените на одмор

Во здравствениот билтен на Штип денеска се евидентираат 27 новозаболени од Ковид – 19.

Конфекциите во Штип времено да се затворат, а работниците да бидат пуштени на годишен одмор побараа денеска од невладината организација „Гласен текстилец“ откако и денеска градот забележа двоцифрен број на новозаразени лица со новиот корона вирус.

Поради ваквата состојба со заразата денеска заседава и Општинскиот кризен штаб, во проширен состав, во присуство на државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

Во здравствениот билтен на Штип денеска се евидентираат 27 новозаболени од Ковид – 19.

Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец”соопшти дека нивното барање е доставено до Кризниот штаб и вели дека работниците со кои секојдневно се во контакт се плашат за своето здравје.

-Очекувам конфекциите да бидат затворени бидејќи не почитуваа ниту една од мерките, ниту една од уредбите, ниту една од препораките. Секоја чест на ретките исклучоци коишто се оградија од останатите, а за оние кои не ги почитуваа барам и кривична одговорност бидејќи не се грижеа ниту за здравјето на работниците, ниту пат беа свесни за колективното здравје на еден град како што е Штип. Ми е жал за останатите сопственици коишто организираа сопствен превоз што ќе бидат и они на удар поради несовесните превозници и несовесните сопственици на конфекции, вели Ампева.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот