Гласен текстилец: Новиот Закон за работни односи мора да обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките правa

Новиот Закон за работни односи мора да обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките права, велат од Гласен текстилец за Сител.
Отсуството од работното место по основ мајчинство или татковство, зашто ќе може и таткото да го користи ова право, мора да биде 100% исплатено, за да се задржат младите луѓе во земјава и да се мотивираат да оформат семејства.
„Да не се дозволи прераспоредување на работните места откако ќе се искористат овие отсуства, дали од мајката, дали од таткото, кога ќе се вратат на работното место, бидејќи во предлог Законот што во моментот го имаме тоа се дозволува и затоа побаравме прецизирање и заштита на бремените жени кои се со договори на определено работно време“ изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец -Штип.
Од Гласен текстилец бараат и да нема застарување на побарувањата по основ плати и придонеси, зашто освен работниците губи и државата.