Гласањето тече без проблеми, со мали прекини поради фингерпринтите

Отпечаток со прст - Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

До овој момет гласањето тече без проблеми, но со прекини поради лошо ракување со уредите и лош квалитет со базата со податоци. Избирачките одбори ги надминуваат овие проблеми, а најчест проблем е непрепознавање на отпечатоците на гласачите во самиот уред. Во таков случај постапката продолжува со скенирање на личната карта на гласачот.

Инструкција од ДИК е редовно да се чисти скенерот, а гласачите да притиснат повеќе. Гласачите имаат право да се обидат два пати да гласаат со отпечаток од прст, потоа следува можност  да се гласа со скенирање на лична карта. Во одредени избирачки места имаше проблем со самиот уред, таму беа заменети уредите. Во некои места каде не беше можно да се замени уредот, продолжено е гласањето со стариот начин на гласање.

Најголема излезност до 11 часот има во Новаци, а најмала во Врапчиште со 4, 92 проценти.

Во однос на прекините на гласањето, доколку прекинот е пократко од еден час, гласањето ќе заврши во 19 часот, ако прекинот е подолг од еден час, гласањето ќе продолжи и по 19 часот.

Досега гласале 65 085 граѓани, соопшти ДИК.

Гласањето почна во 7:00 часот, а ќе трае до 19:00 часот. На Локалните избори 2021 првпат се воведува уредот за биометриска идентификација на гласачите во постапката на гласање. Според Државната изборна комисија, тоа треба да ги унапреди изборите во целост и да се обезбеди еднаквост на гласачите врз основа на принципот еден гласач-еден глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот