Гласањето и изборниот молк завршуваат во 19:30 часот

Александар Даштевски – Претседател на ДИК / Фото: Принтксрин - Слободна ТВ

Со затекнатите гласачи на избирачките места, гласањето завршува во 19.30, кога и завршува изборниот молк за партиите и медиумите, објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Излезноста на изборите до пред 19 часот е 49,29 отсто, односно гласале 697.637 граѓани посочи тој. Вевчанци “водат” со 73,24% излезност.

Поради прекини на гласањето подолги од еден час, на некои избирачки места е продолжено гласањето. Поради тоа се продолжува и изборниот молк.

Државната изборна комисија повика на воздржаност од политички активности до 19:30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.

– Во согласност со Изборнот законик гласањето завршува во 19 часот. Во врска со гласањето каде се затекнати гласачи пред објектот ДИК смета дека е добро да се излезе во пресрет на гласачите и затоа повикуваме до 19.30 часот да се воздржат од активности партиите, медиумите и сите други. ДИК смета дека ова е најдобро решение, информираше Даштевски на вечерашната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот