Гласањето за недоверба на Владата на Борисов ќе биде на 29 јануари

Гласањето за недоверба на владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде одржано на 29 јануари, јави БГНЕС.

Дебатите за гласањето недоверба се одржаа денеска, откако во понеделникот Бугарската социјалистичка партија (БСП) поднесе таква иницијатива. Социјалистите тврдат дека половина милион Бугари се подложни на систем на рестрикции на вода, со опасност тој број да се зголеми.

„Бугарите дишат еден од најзагадениот воздух во Европа и земјата е претворена во депонија”, тврди БСП.  Според лидерката на левицата Корнелија Нинова, дури и ако се најде решение за кризата во Перник, Владата не знае што ќе се случи со Шумен, Сливен, Ботевград, Трговиште и Ловеч.

Кризата со водата што го зафати градот Перник и околните села предизвика серија протести и ги натера опозициските социјалисти да побараат гласање недоверба во централно-десничарската влада на премиерот Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот