Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Во општина Струмица за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров” и Заводот за заштита и рехабилитација  на деца и младинци „Бања Банско”.

-Избирачкиот процес тече нормално без никакви проблеми и кај болните и изнемоштените, во затворот и во двете установи, информира Томислав Андреев, претседател на ОИК Струмица.

Претседателите на изборните комсии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Право на глас во овие шест општини имаат над 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот