Гласање за недоверба на владата во Молдавија поради назначување главен обвинител – Слободен печат
ВестиПланета

Гласање за недоверба на владата во Молдавија поради назначување главен обвинител

Според Боља, процедурата за назначување нов главен обвинител била предвидена во коалицискиот договор.

Парламентарната група на Партијата на социјалистите на Република Молдавија (ПСРМ) иницираше гласање доверба на коалициската влада на Маја Санду, чиј коалициски партнер се токму тие. Тоа е направено бидејќи владата без консултации со партнерите направила измени во процедурата за назначување главен обвинител на земјата, соопшти денеска пратеникот од ПСРМ, Василиј Боља, цитиран од Тасс.

-Парламентарната група на Партијата на социјалистите побара гласање недоверба на владата, која изготви предлог закон што го прекршува Уставот, рече Боља.

Судбината на владата ќе биде одлучена веќе следната недела, на следната седница на парламентот.

Опозициската Демократска партија на Молдавија веќе изрази подготвеност да го поддржи барањето за изгласување недоверба.

Конфликтот меѓу коалициските партнери се појави околу изборот на нов главен обвинител. Според Уставот, тој се назначува од претседателот на земјата, на предлог на Високиот обвинителски  совет. Владата, во меѓувреме, самоиницијативно поднесе измени во Законот за Обвинителството, според кои, премиерот лично ќе му предложи на Високиот обвинителски совет избор меѓу двајца кандидати, откако комисијата што беше формирана од Министерството за правда не се справи со оваа задача.

Партијата на социјалистите на Република Молдавија формира парламентарно мнозинство со Партијата за акција и солидарност, на премиерката Маја Санду, и платформата „Достоинство и вистина”.

Според Боља, процедурата за назначување нов главен обвинител била предвидена во коалицискиот договор. Освен тоа, дејствијата на премиерот бил во спротивност со Уставот на земјата, забележа тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close