Гласаат фановите на УЕФА: Италија има поголеми шанси за победа против Македонија

италија македонија
Македонија има биланс од едно реми и еден пораз против Италија/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Македонската А репрезентација на 24 март на гости ќе го игра полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022 против селекцијата на Италија (20.45 часот).

Наскоро нашиот селектор Благоја Милевски ќе го објави списокот на играчи за дуелот против актуелните европски шампиони во Палермо.

Победникот од овој меч на 29 март на гостински терен во финалето како последна пречка на патот кон Мундијалот ќе игра против Португалија или Турција.

Фановите на официјалниот сајт на европската фудбалска куќа (УЕФА) ги даваат своите гласови за тоа кој има поголеми шанси да триумфира на овој дуел.

Италијанците ја имаат фаворитската улога, бројките на УЕФА велат дека моментно 74% се во корист на играчите на Роберто Манчини, а само 26% за најдобрите македонски фудбалери дека ќе слават на стадионот „Ренцо Барбера“.

Досега двапати се сретнаа овие две селекции, минимално со 2:3 бевме поразени во Скопје на 9 октомври 2016, а ремизиравме 1:1 на 6 октомври 2017 година во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот