Гласаа новинарите на „ЕСПН“: Никола Јокиќ е МВП!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е избран за најкорисен играч во НБА лигата за сезоната 2020/21 во интерна анкета меѓу новинарите на „ЕСПН“. Во овој угледен медиум сакаа изборот да биде што е можно поверодостоен, а во анкетата учествуваа најмалку по двајца новинари од 28-те градови од каде доаѓаат НБА-клубовите.

Како резултат на гласањето, најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ, го освои убедливото прво место. Српскиот репрезентативец освои 90 од вкупно 101 прво место.

Кошаркарот за екипата од Колорадо оваа сезона има просек од 26 поени, 10,9 скока и 8,8 асистенции. Нагетси моментно се четвртопласирани на Западот со учинок од 35-20.

На второто место е центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, кој доби први места. Зад Јокиќ и Ембид е двократниот последователен МВП, крилото на Милвоки, Јанис Адетокумбо.

На четвртото и петтото место се Демиен Лилард од Портланд и плејмејкерот од Бруклин, Џејмс Харден. Најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го освои шестото место во анкетата.

Поради проблеми со срцето, Олдриџ ја заврши НБА кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот