ГЛАСАА 600.000 ЛУЃЕ: Овој хрватски остров е најубав во Европа

Фото: Профимедиа

Магазинот „Condé Nast Traveller“ објави дека во нивниот избор за најубави светски дестинации учествувале дури 600.000 регистрирани читатели, а како најубав остров во Европа е прогласен хрватски Хвар.

Изборот за најубави дестинации на Condé Nast Traveller е започнат пред 21 година, а оваа година се бираа и локации од САД.

Други острови кои се истакнале со својата убавина се Хилтон Хед во САД, Порторико, филипинскиот Боракај, австралискиот Витсандеј, Малдиви и канадскиот Кејп Бретон.

Најубавиот град на светот е Чарлстон во сојузната држава Јужна Каролина во САД, а најубава земја Индонезија.

Најдобра бања на светот е Ананда во Индија, а најубавото возење со воз во светот ќе го почувствувате со Белмонд експлорер на Андите во Јужна Америка.

Најпосакуван скијачки центар е Гeштад во Швајцарија, а најубавиот аеродром се наоѓа во Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот