Glamping во Србија – уникатно искуство за гламурозно кампување на дофат на вашите прсти

Buzzoffski

Еден туристички тренд кој е се попопуларен меѓу патниците во нашиот регион секако е гламурозното кампување. Како што сугерира самото име, глампингот ги задоволува потребите на современиот турист кој доаѓа од урбана средина во потрага по одмор во природа без притоа да ја жртвува удобноста, па затоа високата доза на луксуз е исклучително важен фактор за успехот на целиот концепт.

Овој тип на одмор ви овозможува да уживате во шармот на недопрената природа, ве одмара подалеку од бетонот и технологијата, гужвите и брзината, а истовремено престојувате во сместување кое ги поседува сите извонредни карактеристики. Новите генерации носат нови навики кога е во прашање концептот на одмор, но и на постарите патници не им е тешко да се навикнат на новитет кој е квалитетен и пријатен.

Србија има се повеќе силни адути на тој простор. Бидејќи нема недостиг на убава природа и слободен простор за уживање, логично е што бројни туристички работници започнаа да размислуваат за глампингот како производ за привлекување гости со кој ке го прикажат сиот шарм на чистата средина, планините, реките, но и винариите и останатите забавани содржини…
Во продолжение ви го пренесуваме најдоброто од гламурозното кампување кое се нуди во Србија, а на вас е да излезете од вашата зона на комфор и да го прифатите кампот како привремен дом, каде комфорот е загарантиран!

Кампинг куќа Buzzoffski, Специјален природен резерват Засавица

Buzzoffski

Buzzoffski претставува глампинг искуство, но истовремено е и повеќе од глампинг – уникатен престој во природа. Домаќините имаат обичај да нагласат дека тие не се хотел, и дека нивните викендички се разликуваат од други видови на угостителски објекти. Посебни се по тоа што овозможуваат да се одморите во специјалниот природен резерват Засавица (во близина на Сремска Митровица), каде што нема недостиг на удобност но и на авантура.

Buzzoffski

Што можете да очекувате од самиот престој? Ги отворате очите, се будите наутро во удобен queen size кревет, пред вас е огромен прозорец и поглед кон езерцето, трските, животните… Така изгледаат утрата во Buzzoffski. Секоја куќа има специфични детали и шарм, но во исто време се и слични. Главната разлика е во капацитетот – во куќата „Мирка“ може да се сместат најмногу две лица, а во „Мозок на пасење“ четири. Двете куќи се опремени со најудобни queen size кревети, душеци, перници и секогаш чисти постелнини. Во куќата „Мозок на пасење“ има и два кревети на спрат, кои ќе ви се допаднат без разлика дали сте возрасен или дете.

Buzzoffski

Камп Бездан

Камп Бездан

Кампот Бездан се наоѓа на северозападот на Србија и е одличен за поголеми групи. Доколку сакате да пробате различен тип на одмор, а немате сопствена опрема, одлично ќе се забавувате во Бездан.

Камп Бездан

Скара, уживање во природа, добра забава и спортски активности… сето тоа ве очекува, па сигурно ќе уживате во друштво на семејството и пријателите. Во кампот се добредојдени и вашите домашни миленици. Кампот Бездан нуди и некои објекти кои често ги нудат само хотелите, како се ресторан и бар, кои се достапни само за гостите на кампот.

Камп Бездан

Ел Пасо Сити, Златибор

Ел Пасо – Brvnare

Популарниот тематски парк „Ел Пасо Сити“ е именуван по градот во Соединетите Американски Држави. Па така, сè е дизајнирано како да сте во царството на дивиот запад – каде коегзистираат каубојците и индијанците! Секако, ова особено ќе ги израдува најмладите. Кампот има 5 типа на сместување: бунгалови, соби во каубојскиот град, куќички на дрво, камп приколки и шатори. Сепак, посебно глампинг искуство ви нуди индијанското село, каде што можете да престојувате во автентични шатори или во куќички на дрвја.

Ел Пасо – Tipi

Шаторите се целосно опремени, а веднаш до нив се наоѓа карван претворен во бања со туш кабини.
Доколку се одлучите да се запознаете со шармот на гламурозното кампување или ако сте искусен кампер кој бара нови дестинации за уживање, Србија е дестинација што вреди да се посети. Ќе откриете дека во нејзината природа можете да го најдете најдобриот пат до мир и тишина кои се толку неопходни за среќа и убаво расположение.

Ел Пасо – Wagon

Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот