Гладта ги присили дивите свињи се почесто да ги посетуваат селата во Кичевско

Диви свињи / Фото: МИА

Се поголемиот дефицит на храна и нивната се поголема бројност во природата, придонесоа дивите свињи во повеќе села во Кичевско да се шетаат среде бел ден. Жителите од повеќе рурални средини се жалат дека родот што го имале на нивите во поголем дел е собран од дивите свињи, а нивите ги претвориле во вистински ораници барајќи храна под земјата.

– Бидејќи во природата изворот на храна е намален и сега им преостанува она што сме го засадиле за свои потреби како гравот и пченката дивите свињи да го соберат за да се прехранат, вели Саве Димитриески жител на Осломеј.

Тој додава дека нивната бројност и се помалата понуда на храна во природата, ги претвори дивите свињи во домашни животни. Ако вака продолжат ќе бидат принудени да одгледуваат се помалку култури, бидејќи дивите животни ја собираат летната рекола.

Жители од селата на Рабетинска и Беличка река изјавија каде бројноста на овие животни е сè поголема, а присуството во селата се почесто.

– Сушата и сиромашната понуда во природата ги натера се побројните диви свињи почесто да ги посетуваат селата и нивите во селата од нашиот регион. Најмногу штета направија на пченката што е во ек на зреењето, како и на гравот засаден во нив, вели Даме Петрески жител на Рабетинска река.

Тој додава дека оваа појава е сè почеста последните неколку години, кога и овие животни се принудени да побараат храна надвор од средината каде што стално живеат и оброкот да го делат со луѓето.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот