Ѓуриќ до Бербок: Србите масовно се селат од Косово поради едностраните политики на Приштина

Фото: Kosovo Online

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ денеска на маргините на министерскиот состанок на Берлинскиот процес се сретна со министерката за надворешни работи на Германија Бербок со која меѓу другото разговараше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, објавија косовските медиуми.

Според соопштението на МНР, Ѓуриќ посочил дека Белград е посветен на дијалогот, но дека Приштина од самиот почеток покажала крајна неконструктивност и неподготвеност да ги спроведе договорите, особено оние поврзани со формирањето на Сојузот на српски општини

Наместо тоа, како што предупреди Ѓуриќ, Приштина посегнува по еднострани мерки со цел суштински да ја промени ситуацијата на терен и со кршење на човековите, политичките и економските права на Србите да ја поттикне нивната масовна емиграција од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот