Ѓукановиќ: Забавениот процес на проширување на ЕУ создава деликатна и кревка ситуација на Западен Балкан

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Забавената политика на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и влошувањето на односите меѓу Исток и Запад се двата фактори што, според претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, создаваат кревка и деликатна ситуација во однос на политичката и безбедносната стабилност во регионот,

Црногорскиот претседател во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, говори за ЕУ перспективата, но и за ситуацијата на Западен Балкан, велејќи дека во последните неколку години регионот се соочува со „сè поамбициозно присуство на трети страни, кои настапуваат со политички платформи, спротивни со вредностите и политичките платформи на Европската Унија”.

-Многу е деликатна ситуацијата кога е во прашање политичката и безбедносната стабилност на Западен Балкан. Мислам дека сите забележуваме дека таа стабилност денес е покревка во споредба со пред само неколку години. Тоа е последица на две околности: Прво, многу забавената речиси запрена политика на проширувањето на Европската Унија што се однесува на иднината на земјите од Западен Балкан. Втората околност е радикалното влошување на односите меѓу Исток и Запад на глобално ниво. Ова влошување јасно се гледа на Западен Балкан и Балканот во целина, како пожелен терен за влез на различни глобални политички интереси, објасни Ѓукановиќ и додаде дека целта на овие трети страни е „да се запре евроатлантскиот тек на Западен Балкан”.

Во интервјуто потенцираше дека Грција има голема одговорност бидејќи многу добро го знае регионот, ги разбира предизвиците, а истовремено е членка на НАТО и ЕУ, па така, може да одигра важна улога и да ја убеди Унијата колку е важно проширувањето.

За кризата во Украина, Ѓукановиќ изразува надеж дека сепак ќе е надвладее логиката и вели дека постои ризик оваа криза да има влијание и на Балканот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот