Ѓукановиќ: Отворен Балкан е политички маркетинг

 Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска, коментирајќи ја иницијативата Отворен Балкан, порача дека им се придружува на оние „кои мислат дека станува збор за политички маркетинг, а не сериозна идеја”.

Ѓукановиќ оцени дека идејата не била конзистентно формулирана од самиот почеток, ниту пак била понудена на сите земји од регионот од самиот почеток, а проблемот, според него, е кредибилитетот на одделни автори.

– Им се придружувам на оние кои мислат дека ова попрво е политички маркетинг, отколку сериозна идеја, рече Ѓукановиќ на Балканскиот интеграциски форум во Подгорица, пренесува Вијести.

Тој додаде дека забележува дека оваа структура на Европската комисија е многу повеќе наклонета кон регионот од претходната и дека испратила многу охрабрувачки пораки.

Од друга страна, како што рече, биле испратени многу различни пораки од важни адреси, што создава конфузија кога станува збор за евроинтеграциите.

Ѓукановиќ изјави и дека пораките за некое одложено членство, за некое друго партнерство со земјите од Западен Балкан го прават неспокоен.

– Проблемот на Западен Балкан е нестабилноста, поради долгото заостанување во економскиот развој. Нетолеранцијата полесно се развива во сиромаштија, што доведува до геноцид, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот