Ѓукановиќ: Не е време за посета на Србија, наскоро ќе одам во Приштина

Мило Ѓукановиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека во моментов не може да се разговара за неговата евентуална посета на Србија, но потврди дека ќе го посети Косово во наредните месеци.

Во интервју за приштинската КТВ, Ѓукановиќ рече дека неговата посета на Косово ќе биде придонес за „меѓудржавното разбирање и зајакнувањето на традицијата на добри црногорско-албански односи“.

Ѓукановиќ вели дека во моментов не може да се разговара за евентуална посета на Србија поради нарушените политички односи меѓу двете земји.

„Јасна ви е причината за нарушените политички односи меѓу нашите две земји во последните години, изјавил Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател тврди дека е апсолутно подготвен да разговара со сите, а особено со соседите, земјите од регионот по јасни политички принципи.

„И, јас не сум од оние кои избираат соговорници, ниту сум тој што го сака овој или оној претседател од Србија. Србија го избира својот претседател, нека го избере со среќа како што сакаат граѓаните на Србија“, рече Ѓукановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот