Ѓорѓиевски: Тренерот избра прави играчи, секој тренинг нè мотивираше на патот кон титулата

Марко Ѓорѓиевски („Шкупи“) со шампионскио трофеј/Фото: facebook

– Не добив некоја голема минутажа, не се ни жалев, си ја чекав вредно шансата. Но, знам дека можам повеќе и повеќе голови да постигнувам што ми е работа – вели напаѓачот на Шкупи.

Фудбалскиот клуб Шкупи од скопски Чаир е новиот шампион во Првата лига. Тимот предводен од тренерот Гоце Седлоски со своите игри и резултати ја остварија целта и ќе биде нашиот претставник ова лето во квалификациите за ЛШ.

Сезоната чаирчани ја завршија во победнички стил на домашен триумфирајќи над Академија Пандев со 3:0, по што започна славјето заедно со навивачите, а потоа го кренаа и шампионскиот трофеј кој им го додели ФФМ.

Младиот македонски репрезентативец Марко Ѓорѓиевски (22) вели дека шефот на стручниот штаб со сета волја и знаење, со своите совети им помогна на играчите на патот кон успехот.

– Па, мислам дека од летните припреми ни беше најавено од шефот Гоце Седлоски и стручниот штаб, како и директорите, дека сме сите таму за да го дигнеме на крајот пехарот. Мислам дека тренерот избра прави играчи и секој тренинг нè мотивираше. Сè до последниот ден немаше опуштање од негова страна, мислам дека тоа беше клучно – ни изјави Ѓорѓиевски.

Задоволен од добиената минутажа, имаше придонес во освојувањето на шампионатот со четири постигнати голови од 26 настапи.

– За мене лично за таа минутажа што ја добив и што направив би кажал дека сум задоволен. Не добив некоја голема минутажа, не се ни жалев, си ја чекав вредно шансата. Но, знам дека можам повеќе и повеќе голови да постигнувам што ми е работа. Кога имам голови сум пресреќен, но важна е пред сè работата и бидеме без повреди – рече играчот на Шкупи.

Шкупи имаше и голема поддршка од своите навивачи, верните „Шверцери“.

– Навивачите ни беа 12 играч, и тие имаат значење за оваа титула кои ни ја даваа поддршката на секој натпревар – вели Ѓорѓиевски.

Навивачите беа 12 играч на ФК Шкупи/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот