Ѓорѓиевски пред Украина и Франција: Се надевам дека ќе ја продолжам голгетерската серија

Марко Ѓорѓиевски во одлична форма, имаше голови против Ерменија и Фарски Острови/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари против Украина и Франција за пласман на Европското првенство.

Напаѓачот на Шкупи и член на селекцијата на Македонија до 21 година, Марко Ѓорѓиевски игра во одлична форма, постигна неколку битни голови за националната репрезентација, и се надева дека голгетерската серија ќе ја продолжи на следните два квалификациски меча.

– Го одработивме денеска тренингот комплетно сите фудбалери кои сме повикани во националниот тим за претстојните натпревари. Знаеме многу добро против кои селекции играме, ги познаваме нивните квалитети многу добро, очекуваме две тешки средби, ќе биде потребна голема пожртвуваност од наша страна, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат.

Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Прво треба максимално да се посветиме на првиот натпревар против Украина. Потребен ни е ист пристап и смиреност, како на претходниот дуел со Ерменија. Знаеме кои се нашите задачи, доколку се придржуваме до тоа што го бара од нас селекторот, мислам дека нема да имаме проблем. Се наоѓам во одлична форма, постигнав гол и на мечот со Ерменија и со Фарски Острови, ќе дадам сè од себе за ја продолжам голгетерската серија и да ја израдувам Македонија – вели Ѓорѓиевски.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, првиот меч ќе го играат со Украина, на 11 ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје. На 16 ноември, на Националната арена „Тодор Проески” гостува моќната селекција на Франција.

Фазлагиќ: Нè очекуваат два многу тешки меча против Украина и Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот