Ѓорѓи Начевски и Славе Николов номинирани за најдобри судии во светот

Фото: ИХФ

Maкедонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се номинирани за најдобра судиска двојка, а заедно со нив тука се уште Бојан Лах и Давид Сок.

Словенечките и македонските судии номинацијата ја добија со гласовите од ракометните новинари ширум светот и за нив може да се гласа на веб страницата и Инстаграм профилот на „Handball-Planet.com“.

Гласањето ќе биде отворено до 20 јануари. Ќе потсетиме, Начевски и Николов признанието го добија во 2016 година, додека Лах и Сок ја бранат „титулата“ бидејќи беа победници минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот