Ѓоргиев во Топ 10 поентери на Европското одбојкарско првенство

Никола Ѓоргиев блеска и на континенталниот собир во Тампере, Финска/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За најдобрата македонска одбојкарска репрезентација останува уште еден натпревар од групната фаза на Европското првенство во одбојка.

После четирите порази, од Финска, Холандија, Турција и Шпанија, избраниците на селекторот Душко Николиќ в среда од 16.00 часот ќе ги одмерат силите против Русија.

Моментно статистиката вели дека еден од нашите најдобри одбојкари Никола Ѓоргиев блеска и на овој континентален собир.

Моментно е на четвртото место од четири одиграни натпревари со 65 поени, со просек по сет (4,64).

На првата позиција е Нимир Абдел-Азиз од Холандија со 88 поени, втор Адис Лагумџија од Турција (76), а третопласиран Сем Деро од Белгија (73).

Доколку се земат и квалификациите севкупно Ѓоргиев е на делба на првото место заедно со Хрватот Лео Андриќ со по 153 поени. Повеќе ТУКА

Нов пораз на одбојкарите, го поправија впечатокот но загубија од Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот