Ѓоргиев: Не сме фаворити, но одиме на победа против Босна и Херцеговина

Најдобрите македонски одбојкари сакаат победнички старт во Европската сребрена лига/Фото: vfmkd.mk

В среда (25 мај) со почеток од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје машката одбојкарска сениорска репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот натпревар во Европската сребрена лига.

Во рамките од групата „Б“ избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ ќе ја пречекаат селекцијата на Босна и Херцеговина. Противници во оваа група се и репрезентациите на Романија и Албанија.

Против албанските одбојкари одигравме два пријателски мечеви во Маврово, првиот го добивме со 3:1, а вториот го загубивме со 3:0.

Капитенот на нашата селекција Никола Ѓоргиев се надева и посакува победнички старт.

– Со нетрпение го очекуваме првиот натпревар против Босна и Херцеговина. Искрено не ја познаваме многу босанската селекција, бидејќи е многу различна во однос на минатата година. Имаат два нови примачи, два нови центри и ново либеро, мислам дека дијагоналата техничар коректор ќе биде иста. Одиме на победа, не сме фаворити, ќе се бориме за секоја топка, ќе го дадеме максимумот да ја израдуваме македонската публика и да ја отвориме оваа Европска лига со триумф – вели Ѓоргиев.

Павличевиќ: Голема е мотивацијата и желбата кај одбојкарите за добар настап во Европската сребена лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот