Марјан Ѓорчев / фото: ТВ24 / скриншот

Ѓорчев: Републиканците имаат помек пристап кон нас, со поддршка на САД ќе седнеме на маса со Бугарија

Поранешниот амбасадор и некогашен висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека Македонија и Бугарија „ќе седнат на иста маса со поддршка на САД“ бидејќи „републиканците имаат помек пристап кон нас“. Според него, за да се постигне добар билатерален договор, потребно е да се надминат стереотипите од минатото.

„Ние сега имаме можност преку администрацијата на Доналд Трамп, бидејќи републиканците имаат помек пристап кон Македонија и чекорењето напред. Тука лежи одговорот на прашањето дека ќе седнат на маса и едните и другите со поддршка на САД и Европа. И Бугтарите ќе седнат на маса и ние, бидејќи и на Бугарија и треба Македонија и нема како да се избегне тоа, ќе се разговара“, рече Ѓорчев и додаде дека за успешен билатерален договор потребно е да сме искрени едни со други во нашите барања.

Тој рече и дека поддршката на САД е поради тоа што Македонија, но и Албанија и Бугарија, се значајни за НАТО.

„Македонија, Бугарија и Албанија сме северното крило на јужниот блок на НАТО и ако ние сакаме да направиме поврзување од Валона и Драч до Варна и Бургаз треба сите заедно во еден заеднички работен тим, помогнати од САД и Брисел да седнеме и да ги видеме нашите облигации, Бугарските облигации и Албанските облигации и со заеднички сили тоа да го направиме“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека преговарачките рамки треба секогаш да се менуваат бидејќи Европа подразбира единство во различностите и за националните прашања на треба да се преговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот