Ѓорческа со титулата на турнирот во Белгија

Лина Ѓорческа и Ева Ведер од Холандија најдобри во двојки на турнирот во Италија/Фото: facebook.com/aco.lukaroski

Денеска во двојки во финалето на женскиот турнир во Коксијде (Белгија) македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Валерија Страхова од Украина стигнаа до трофејот.

Во финалето вторите носителки Ѓорческа и Страхова со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:4 славеа против првите носителки Валентини Граматикопулу од Грција и Валентина Ивахненко.

На патот до финалето Ѓорческа и Страхова беа слободни во осминафиналето, во четвртфиналето триумфираа над Ванхуте од Белгија и Хоед од Холандија (3:6, 6:2, 10:2).

Во полуфиналната борба беа совладани Парто од Франција и Босио од Аргентина со 6:2 и 6:0.

Нашата натпреварувачка во Коксијде настапи и во сингл конкуренција, стартуваше со триумф над Швајцарката Суњо во 1/16 финалето двапати со 6:1, а во осминафиналето загуби од Фита Болуда (Шпанија) со 0:6 и 2:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот