Ѓорческа против Американката Викери во квалификациите на „Вимблдон“

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ќе го игра мечот од првото коло од квалификациите на „Вимблдон“ против Саша Викери од САД, која е рангирана како 29 носителка во квалификацискиот циклус.

Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 138 место на ВТА листата, а на „Вимблдон“ има две учества на „главниот турнир“ – 2018 година играше и во второто коло, а ова ќе и биде осмо учество во квалификациите.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап во квалификациите на „Вимблдон“ (првиот го имаше во 2017).

Оваа година до сега настапи и на првите два Грен слем турнири, „Австралија опен“ и „Ролан Гарос“.

Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 и е прв на програмата, а почетокот е во 11 часот по локално време односно 12 по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот