Ѓорческа остана без титула во игра на двојки на фјучерсот во Севиља

Лина Ѓорческа и Ева Ведер од Холандија најдобри во двојки на турнирот во Италија/Фото: facebook.com/aco.lukaroski

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа по поразот во полуфиналето во поединечна конкуренција, денеска загуби и во финалето во двојки на фјучерсот во Севиља, Шпанија.

Лина Ѓорческа и нејзината дубл партнерка Тена Лукас од Хрватска во финалето загубија од шведско-кореанката двојка Хенеман-Ку во два сетаи тоа со 7:5, 6:1.

Претходно, во текот на денот, најдобрата македонска тенисерка загуби во полуфиналето во поединечна конкуренција со 2:6,3:6 од руската тенисерка Елина Аванесјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот