Ѓорче Петров по вторпат го совлада Тиват и се пласираше во следното коло од Европскиот куп

Македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров славеше и на реваншот од Европскиот куп против Тиват на гостински терен со 24:29.
Сите дилеми околу патникот беа решени уште на првиот меч кога нашиот претставник со 43:22 ја надигра црногорската екипа.
На возвратниот дуел во победничките редови доминираше Ризоска со седум голови, пет имаше А. Јанкуловска, а по четири Коларовска и М. Јанкуловска.
На спротивната страна деветпати во листата на стрелците се запиша Ковачевиќ.
Во 1/16 финалето од натпреварувањето не успеаја да се пласираат останатите две македонски екипи.
Чаир двапати загуби од холандскиот Венло (26:39, 18:43), а Куманово претрпе два порази од швајцарскиот Херцогенбухзе (22:29, 17:31).