Ѓоковиќ запиша уште една недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ се доближува до рекордот на славната Штефи Граф/ фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 358 недела на првото место на АТП листата, и така се приближи до рекордот на Штефи Граф, до кој го делат уште 19 недели.

Како што е веќе познато, српскиот ас не настапува на „Австралија опен“, откако тамошната Влада одлучи да го депортира, и нема да биде во можност да ги брани поените од минатогодишниот прв Грен слем.

АТП листата не излегува меѓу двете недели на „Австралија опен“, па ситуацијата на листата е непроменета во однос на минатата недела, но скорот на Ѓоковиќ е подобрен и тој сега е на број 358 недели поминати на светскиот трон.

Ноле ќе остане прв и по завршувањето на турнирот во Мелбурн, бидејќи бодовите од последното издание ќе бидат избришани дури на 21 февруари, а од тронот може да биде симнат само од Данил Медведев доколку го освои трофејот на АО.

Дури и да се случи тоа, Ѓоковиќ ќе ја достигне бројката од 360 недели, вкупно 50 повеќе од Рожер Федерер, но и 17 помалку од славната Штефи Граф. Потсетуваме дека постои опција Србинот да игра на АТП турнирот во Ротердам кој носи 500 бода.

ВИДЕО|Поддршка за Ѓоковиќ од легендарна тенисерка: Ова е другата страна која мора да ја видите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот