Ѓоковиќ за разлика од Надал и Федерер им помага на тенисерите кои помалку заработуваат

Новак Ѓоковиќ ќе биде повеќе активен на терените после „УС Опен“/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Аргентинскиот тенисер Франсиско Серундоло  смета дека Новак Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши со највеќе освоени гренд слем турнири како и дека фановите во него гледаат криминалец бидејќи се заљубени во Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ на почетокот од годината беше протеран од Австралија и не доби можност да ја брани титулата во Мелбурн на првиот гренд слем турнир во годината. Поради неговиот став да не се вакцинира, Ѓоковиќ загуби дел од спонзорите, а најверојатно нема да настапи ниту на УС Опен.

– Новак Ѓоковиќ не е криминалец, напротив. Тоа што се случува сега е навивачите да се заљубени во Федерер и Надал, додека Новак го зборува тоа што навистина го мисли и поради тоа е автентичен. Сигурен сум дека Новак Ѓоковиќ ќе ги престигне Надал и Федерер по бројот на освоени гренд слем титули – вели Серундоло за аргентинските медиуми.

Серундоло на медиумите им откри дека само Ѓоковиќ од големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер) им помага на понискорангираните тенисери кои помалку заработуваат од наградите на турнирите.

– Новак е тенисер кој највеќе им помага на тенисерите што помалку заработуваат. Мислам на оние тенисери кои играат на фјучерсите и на челинџерите – додава Серундоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот