Ѓоковиќ во Торино може да израмни уште еден рекорд на Федерер

фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Новак Ѓоковиќ минатата недела собори три големи рекорди – стана тенисер со најмногу мастерс титули (37), го подобри личниот рекорд по титули на Мастерс турнирот во Париз (шест), а стана и рекордер на турнирот во „градот на светлината” по бројот на победи како прв светски рекет и така го надмина Рожер Федерер.

Ѓоковиќ неколку пати најави дека еден од неговите најголеми мотиви е да продолжи да игра бидејќи може да руши рекорди и да го запише своето име во историјата на тенисот.

Србинот до крајот на годината ќе игра на завршниот Мастерс во Торино каде може да собори уште два големи рекорди. И двајцата во моментов се во сопственост на Швајцарецот Федерер. Тоа е рекорд по бројот на титули на завршниот Мастерс. Федерер има шест, една повеќе од Ѓоковиќ, кој го дели второто место со Иван Лендл и Пит Сампрас.

Исто така, доколку триумфира во Торино, Ноле би бил најстариот тенисер во историјата кој ја освоил титулата на завршниот Мастерс. Во моментов тука е и рекордерот Федерер, кој титулата ја освои во 2011 година со 30 години и три месеци. Ѓоковиќ сега има 34 години и пет месеци.

Мастерсот во Торино е на програмата од недела на 14 ноември, а покрај Ѓоковиќ, учесници ќе бидат уште Данил Медведев, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Матео Беретини, Каспер Руд и Хуберт Хуркач.

Повторувајте по мене: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Ѓоковиќ во иднина се гледа како тренер: Немам намера знаењето да го однесам во гроб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот