Ѓоковиќ во Рим ја брка јубилејната 1000 победа

Новак Ѓоковиќ на две победи од титулата во Рим/Фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Рим против Каспер Руд.

Мечот ќе започне од 19.30 часот, а претходно во првиот полуфинален меч од 14.30 часот силите ќе ги одмерат Стефанос Циципас и Александар Зверев.

Вчера српскиот ас Ѓоковиќ со победата над Феликс Оже-Алијасим не само што обезбеди полуфинале, туку и го обезбеди првото место АТП листата.

Денеска против Норвежанецот Руд првиот светски рекет ја брка јубилејната 1000 победа на АТП турнирите.

Досега само четворица тенисери ја минаа магичната бројка. Рожер Федерер има 1.251 победа и 275 порази (82 отсто), а Рафаел Надал 1.050 победи и 211 порази (83,3 отсто).

Во Топ 1.000 победи се и Џими Конорс (1.274 победи – 283), додека Иван Лендл постигна скор 1.068 – 242.

Ѓоковиќ и Руд досега се сретнаа два пати, а во двата дуели победник беше Србин. Нивната последна средба беше видена во 2021 година на завршниот Мастерс во Торино, каде Новак славеше со 7:6, 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот