Ѓоковиќ во „невозможна мисија“: Нема да има депортација додека не заврши постапката!

Новак Ѓоковиќ најверојатно до последен момент ќе знае дали ќе игра на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Австралискиот судија Ентони Кели донесе судска наредба случајот со Новак Ѓоковиќ да се префрли на Федералниот суд, а најдобриот тенисер во светот нема да биде депортиран додека не заврши процесот.

За време на рочиштето, судијата Кели предложи привремена забрана за депортација на Ѓоковиќ од Мелбурн, односно тој да не биде депортиран пред сабота во 16 часот, а адвокатот на австралиската влада Стивен Лојд рече дека владата нема да иницира постапка за депортација.

На рочиштето беше потврден договорот дека српскиот тенисер ќе се сретне со претставници на имиграцијата во сабота наутро по локално време во Мелбурн, односно вечерва околу 22 часот по средноевропско време и дека дотогаш нема да биде во притвор.

Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ беше против префрлање на случајот до Федералниот суд, наведувајќи дека секоја минута е драгоцена во овој процес, бидејќи Австралија опен започнува во понеделник.

Ѓоковиќ и – не е можно!?

Адвокатот на Ѓоковиќ, Ник Вуд изјави дека на српскиот тенисер не му била укината визата затоа што не бил вакциниран, туку поради стравот на австралиските власти дека тоа може да доведе до пошироко противење на вакцинацијата во Австралија.

Постапките на австралиските власти тој ги нарече „очигледно нерационални“.

Вуд побара од судијата да размисли за одржување на целосно рочиште во недела, на 16 јануари, поради загриженоста на адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ за временските услови, бидејќи одбраната бара одлука за процесот пред првиот меч на Ѓоковиќ на Австралија Опен во понеделник, на 17 јануари.

Да потсетиме, министерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и му ја укина визата на најдобриот тенисер во светот, а адвокатскиот тим на Ѓоковиќ поднесе жалба на оваа одлука на министерот.

ОВА НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Експерт за имиграција остро ја осуди депортацијата на Ѓоковиќ

Визата на Ѓоковиќ беше укината по неговото пристигнување во Австралија, бидејќи тој, наводно, не доставил доволно докази за да биде изземен од задолжителната вакцинација. Најдобриот светски тенисер се жалеше до Федералниот суд кој ја прифати неговата жалба откако беше утврдено дека на првиот рекет во светот му е ускратена процедуралната правда.

Србинот потоа влезе во Австралија, а претходните денови се подготвуваше за стартот на Грен слем турнирот кој го освои деветпати.

Хронологија на „случајот Ѓоковиќ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот