Ѓоковиќ во група со Циципас на завршниот Мастерс во Торино

Новак Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира доколку сака и натаму да настапува на шпанско тло/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На завршниот турнир во Торино кој ќе се одржи во периодот (14-21 ноември 2021 година) ќе се соберат најдобрите осум тенисери во светот.

Денеска со жрепка се дознаа двете групи, а првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е во „зелената“ група со Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Каспер Руд. Во „црвената“ група е вториот светски рекет Данил Медведев, потоа Александар Зверев, Матео Беретини и Хуберт Хуркач.

Ѓоковиќ кој со трофејот во Париз го обезбеди првото место на АТП годинава, ќе се обиде по шести пат да триумфира на завршниот турнир и така се израмни со рекордот на Рожер Федерер.

Во понеделник српскиот ас ќе го игра првиот меч на Завршниот мастерс во Торино, ривал ќе му биде Норвежанецот Руд со почеток од 14.00 часот, а од 21.00 часот Гркот Циципас ќе ги одмери силите со Русинот Рубљов.

Завршниот Мастерс ќе го отворат Русинот Медведев и Полјакот Хуркач в недела од 14.00 часот, додека од 21.00 часот Зверев од Германија ќе се соочи со Беретини од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот