Ѓоковиќ станува „бесмртен“: Ова е датумот кога Новак ги поместува сите граници!

Новак Ѓоковиќ следното лето би можел да ја надмине и легендарната Штефи Граф по бројот на недели на светскиот трон/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

На тој ден, доколку без прекин биде најдобар тенисер во светот, Ноле ќе ја започне рекордната 378 недела на врвот на АТП листата. За тоа му требаат нови Грен слем и Мастерс титули.

Новак Ѓоковиќ станува „бесмртен“ во тенискиот свет на 11 јули 2022 година! Српскиот ас на 4 јули 2011 година за првпат стана најдобар тенисер во светот, а 11 години подоцна, на истиот ден, ќе ја започне 377 недела на врвот на АТП листата и ќе се изедначи со Штефи Граф, која е апсолутен рекордер во двете конкуренции. Тоа значи дека една недела подоцна, на 11 јули, тој ќе ја започне рекордната 378 недела на тронот и ќе стане недопирлив.

За да се случи тоа, потребно е Ѓоковиќ до тој ден без прекин да остане најдобар светски тенисер бидејќи моментално ја брои 364 недела на врвот. Ќе успее само доколку во следните три месеци заигра на врвно ниво и збирно забележи подобри резултати од лани, бидејќи само во тој случај ќе биде недопирлив за Данил Медведев (му бега само 10 бодови), Александар Зверев има 1.225 бодови помалку и Рафаел Надал (1.305), кои му се закануваат.

ФОТО: Ѓоковиќ е апсолутен владетел, а сега имаме и нов доказ

Во превод, Ноле би морал да освои барем еден Мастерс на земјена подлога од можни три (Монте Карло, Мадрид и Рим), каде веќе е рекордер со 37 титули, една повеќе од Надал. Најдобро би било тоа да го направи веднаш во Монте Карло каде што брани само 90 бодови, па би освоил 910 поени или во Мадрид каде што не играше лани, па би освоил 1.000 поени.

Ноле до плус 400 може да биде и во Рим, каде брани финале и 600 поени. Но, многу поважно ќе му биде да ги одбрани титулите на Ролан Гарос и Вимблдон, кои ги освои на 11 јули минатата година и вкупно 4.000 поени, бидејќи, во тој случај, калкулатор скоро сигурно нема да биде потребно.

На Ѓоковиќ му оди и фактот што Медведев пред неколку дена оперирал кила, а прашање е дали сезоната воопшто ќе ја игра на земјена подлога, бранејќи 90 бода од Мадрид, 45 од Рим и 360 од Ролан Гарос. Русинот лани играше во Хале (20 поени) и Мајорка (250), како и во осминафиналето на Вимблдон (180), но прашање е кој од тие бодови ќе може да одбрани и да освои нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот