Ѓоковиќ со убедлив триумф тргна во одбрана на титулата на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ загуби само четири гема во првиот меч на Ролан Гарос/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин ја почна одбраната на титулата и за два часа игра го совлада Јошихита Ношиока со 6:3,6:1,6:0.

Ѓоковиќ спаси три брејк топки во првиот гем и полека почна да влегува во препознатливиот ритам. Во шестиот гем, српскиот тенисер го направи единствениот брејк во првиот сет кој му беше доволен да поведе со 1:0.

Во вториот сет Ѓоковиќ поведе со 5:0 и во финишот „му дозволи“ на Нишиока да освои еден гем на свој сервис.

Но, затоа во третиот сет актуелниот шампион беше убедлив и со максимални 6:0 обезбеди пласман во второто коло во кое ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Алекс Молчан и Федерико Корија кои ќе играат утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот