Ѓоковиќ сигурно губи: Медведев со трофеј до светскиот трон или Надал до историски рекорд

Рафаел Надал и Данил Медведев ќе играат за трофејот на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Се случи најлошото можно сценарио за моментно првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, во финалето на „Австралија опен“ во Мелбурн ќе играат Данил Медведев и Рафаел Надал.

Рускиот тенисер Медведев се пласираше во финалето откако на претпоследната пречка го совлада Стефанос Циципас, додека Шпанецот Надал беше подобар од Матео Беретини.

Медведев или Надал, кој и да победи, сигурно губи српскиот ас Ѓоковиќ.

Доколку Рафа дојде до титулата, тоа ќе биде негов 21. грен слем трофеј, и на тој начин би бил нов рекордер во историјата на овој спорт, на 20 би останале Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

А доколку Медведев слави, Ноле ќе го загуби првото место на АТП ранг листата, а рускиот тенисер ќе се најде на светскиот трон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот