Ѓоковиќ се враќа на врвот на АТП: За четири недели паѓа рекордот на Штефи Граф

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Новак Ѓоковиќ по 10 пат го освои Австралија опен во Мелбурн и се закити со 22 грен слем титула. Српскиот тенисер ас се врати на светскиот врв, односно од понеделник повторно ќе биде прв на АТП листата.

Ѓоковиќ ќе ја започне својата 374 недела како прв на АТП и сега го делат само четири недели од соборување на апсолутниот тениски рекорд во сингл кој го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф со 377 недели на врвот на ВТА листата.

Со 2000 освоени поени за титулата, Ѓоковиќ го прескокна Карлос Алкараз, на кој сега му бега 340 поени. Младиот Шпанец во следните четири недели не само што нема да може да ја надополни таа негатива, туку поради повреда од која и натаму закрепнува, најверојатно ќе загуби уште 500 бода од ланскиот триумф на турнирот од Серија 500 во Рио.

Што се однесува до Стефанос Циципас, тој со поразот во финалето ја пропушти можноста да стане првиот Грк на врвот на АТП листата и прв грен слем-шампион од оваа земја. Со 6195 АТП поени ќе го надмине Каспер Руд на официјалната АТП листа и од понеделник и официјално ќе биде третиот рекет на планетата, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Сега на АТП турнејата ќе има еднонеделна пауза, бидејќи од понеделник ќе се играат квалификациите за Дејвис купот, а во февруари ќе има четири турнири од серијата 500 – Ротердам, Рио, Акапулко и Дубаи. На овој последниот Ѓоковиќ брани 90 пооени за ланското четвртфинале, но тоа нема да има значително влијание на пласманот.

ВИДЕО | Циципас: Ѓоковиќ е најголемиот кој некогаш држел тениски рекет во историјата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот