Ѓоковиќ се препознава себеси во Ибра: Златан е симбол на балканскиот менталитет

Спортските великани Златан Ибрахимовиќ и Новак Ѓоковиќ/Фото: twitter.com/Ibra_official

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во интервјуто за „Ла Гаѕета дело Спорт“ откри дека се препознава себеси во филозофијата на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Србинот за италијанскиот весник зборуваше по повод завршниот Мастерс турнир во Торино, каде доаѓа како фаворит со оглед на тоа што сезоната ја одбележа со три грен слема и соборен рекорд во Париз со освојувањето на 37 Мастерс.

Едно од прашањата беше поврзано со поразот на Олимписките игри во Токио, како еден тежок момент во неговата кариера.

– Поразот го доживувам не само како разочарувачка емоција на моментот, туку и како можност за ментален раст и зајакнување на карактерот за да се извлечам од тешка ситуација како човек и подобар играч од мене. Тоа беше тешко за мене. Умот ја има важноста што ја имаат физички и техничките аспекти на играта. Треба да бидете способни да разберете како да управувате со негативната енергија на најпродуктивен начин – рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се враќа во Торино после долги 20 години, на 15-годишна возраст играше јуниорски турнир.

Голем пријател на Ноле е шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ, кој со своите 40 години нема намера да се пензионира:

– Навистина ми се допаѓа неговата филозофија. Колку стареам, толку се чувствувам помлад. Златан е навистина симбол на балканскиот менталитет, силата за никогаш да не се откажуваш и целосната самодоверба. Во тоа многу се препознавам во него. Има менталитет на шампион кој ги почитува другите, но кој на теренот влегува со свесност за неговите квалитети, кои произлегуваат од неговата работна етика – вели Ѓоковиќ.

Барбара Шет „го издаде“ Новак: Ѓоковиќ одамна е вакциниран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот