Ѓоковиќ се обложил со својот тренер дека Вимблдон во иднина ќе промени дел од традиционалните правила

Горан Иванишевиќ е тренер на Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Бранителот на трофејот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ изјави дека е отворен за промени во тенисот, а откри дека направил интересен облог со својот тренер Горан Иванишевиќ со можните промени на правилата на најпрестижниот тениски турнир.

Ѓоковиќ признава дека во последните неколку години се воведени промени во тенисот, но очекува тој тренд да продолжи и во иднина.

– Нашиот поранешен претседател на АТП, Крис Кермонд за кого медиумите пишуваа дека има несогласувања со мене, го почитувам поради работите кои ги воведе. Негова идеја е турнирот „Некст ген“ со кој се промовираат младите тенисери. Исто така имаше идеја да се тестираат некои нови правила кои би требало да се воведат во иднина доколку се покажат како добри како да се игра во три добиени сета но до четири гема, потоа да се комуницира преку слушалки…  Не е лоши што се експериментираше со вакви работи – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер истакна дека светот се менува, па така и тенисот иако има доста традиционалисти во „белиот спорт“. Ѓоковиќ оди чекор подалеку со предвидувањата и смета дека ќе има промени и на Вимблдон па дури за тоа се обложил и со својот тренер Горан Иванишевиќ.

– И Вимблдон не е имун на промени. Кој можеше да претпостави дека организаторот некогаш ќе дозволи да се тренира на Централниот терен пред почетокот на турнирот. Оваа година за прв пат ќе се игра тенис и во првата недела. Со Горан се обложив дека во иднина можеби ќе дозволат и да има друга боја на опремата освен белата, а тој ми вели дека нема шанси за такво нешто. Јас сум отворен за промени кои можат да ја зголемат популарноста на тенисот. Целта е да се најде некаков баланс поради тоа да не се промени суштината на нашиот спорт, а притоа тенисот да се приближи до новите генерации – смета Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот