Ѓоковиќ рутински го совлада Руд на стартот од завршниот Мастерс во Торино

Новак Ѓоковиќ успешно го започна походот кон шестиот трофеј на завршниот Мастерс турнир/Торино, Италија/15 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го стартуваше завршниот Мастерс во Торино, кој во првото коло од „зелената група“ го совлада дебитантот Каспер Руд со 7:6 (4), 6:2.

Ѓоковиќ 13 пат по ред го доби мечот во првото коло на Завршниот Мастерс. Српскиот ас го обезбеди триумфот за еден час и 33 минути. Мечот го заврши со 23 „винери“ и 13 неизнудени грешки. Имаше и 10 асови на сервис.

Норвежанецот Руд имаше учинок од 23 „винери“ и 23 грешки, со девет ас удари. Ѓоковиќ не сервираше најдобро во првиот гем, па Руд веднаш направи „брејк“. Иако српскиот тенисер сервираше многу подобро во продолжението, Норвежанецот се придржуваше до својот план на игра, не се предаваше и му пружи голем отпор на најдоброт тенисер во светот.

Ноле го врати брејкот во шестиот гем, а потоа имаше две сет топки во 10 гем. Сепак, со сервис, Руд се извлече од тоа. Одлучуваше додатен гем во кој и двајцата покажаа нервоза. На крајот Ѓоковиќ дојде до сетот со одличен „форхенд винер“.

Ѓоковиќ со брејк го започна следниот сет, делуваше сè посигурно, додека Руд правеше и нешто повеќе грешки. Србинот ја презеде целосно контролата на овој дуел, па во петтиот гем уште еднаш му одзеде сервис на противникот. Ѓоковиќ добро сервираше, не му даде никакви шанси на Руд.

Во „зелената група“ се натпреваруваат и Стефанос Циципас и Андреј Рубљов кој ќе се сретнат денеска од 21.00 часот.

Видео на денот