Ѓоковиќ разочаран: Играта ми се распадна, се чувствувам ужасно

Ѓоковиќ во однос на Рафа и Федерер има убедливо најмалку фанови/Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Најдобриот светски тенисер е прилично разочаран по двата денешни порази во полуфиналето на Олимписките игри, во сингл и во мешани двојки.
Ужасно. Се чувстувам ужасно – е краткиот одговор на Ѓоковиќ на прашањето како се чувствуа по денешниот ден.

Во поединечна конкуренција, Новак загуби од Александар Зверев со 1:6,6:3,6:1.
– Тоа е спортот, тој играше подобро. Морам да му одадам признание за пресвртот, сервираше неверојатно добро. Не добивав премногу шанси на неговиот втор сервис, а мојот драстично падна откако поведов со 3:2 во вториот сет и воопшто не добивав лесни поени. Играта ми се распадна, мислам дека Зверев освои осум гема по ред. Јас застанав, му дадов да ме нападне, имав слаб процент на првиот сервис. На ова ниво, со притисокот кои го носато Игрите и настапот за својата држава… Што да се прави? Не дојдов свеж тука, дојдов исцрпен, но бев добро мотивиран и нормално со желба да освојам медал. Моментно се чувствувам ужасно, но утре се надевам на добар почеток. Се надевам дека ќе се опоравам и ќе можам да обезбедам барем еден медал за својата држава – додава Ѓоковиќ.

Утре Новак Ѓоковиќ ќе игра два меча за бронзен медал. Во мешани двојки заедно со Нина Стојановиќ ќе игра против австралиската комбинација Барти и Пирс, а потоа го очекува дуел со Пабло Карењо Буста за бронзениот медал во поединечна конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот