Ѓоковиќ прв носител на Вимблдон, пресметка со Надал е можна само во финале

Новак Ѓоковиќ со трофејот на грен слем турнирот „Вимблдон“/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на претстојниот гренд слем турнир Вимблдон, објави организаторот.

Втор носител е Рафаел Надал и можна пресметка помеѓу двајцата големи ривали ќе биде можна само во финалето.

Стефанос Циципас и Каспер Рус се трет и четврти носител и тие се можните противници на Надал и Ѓоковиќ во полуфиналето.

Големи возбудувања се очекуваат и во четвртфиналето, бидејќи Карлос Алкараз, Феликс Оже-Алиасим, Хуберт Хуркач и Матео Беретини се одредени за петти, шести, седми и осми носител.

Кај дамите, прва носителка е Ига Швјонтек, втора е Анет Контавеит, а потоа следат Онс Жабер, Паула Бадоса, Марија Сакари, Каролина Плишкова, Даниел Колинс и Џесика Пегула.

Ждрепката за Вимблдон ќе се одржи во петок во 11 часот, а турнирот ќе започне следниот понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот