Ѓоковиќ против Медведев во историското финале на „УС Опен“

Данил Медведев годинава го брка првото место на АТП ранг листата/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе игра против Данил Медведев од Русија, вториот светски рекет, во финалето на последниот грен слем турнир годинава, „УС Опен“ во Њујорк (САД).

Дуелот помеѓу двајцата најдобри тенисери на светот започнува денеска од 22.00 часот по македонско време.

Српскиот ас има можност да победи на вечерашното финале и да постигне серија несекојдневни рекорди и да испише нови страници во тениската историја кои ќе бидат предизвик за новите генерации.

Ѓоковиќ оствари голем број рекорди со самиот пласман во своето деветто финале на „УС Опен“, и вкупно 31. во кариерата, со победата над Александар Зверев.

Тој има намера да ја круниса неверојатната серија од 27 победи на Грен слем турнирите оваа сезона со нов триумф, подвиг со кој ретко некој може да се пофали. Така ќе го надмине легендарниот Австралиец Род Лејвер, единствениот играч што го освои календарскиот Грен слем во 1969 година.

Од друга страна, Медведев, кој загуби само еден сет досега на овој „УС Опен“, без никаков голем притисок влегува во мечот. Во полуфиналето, Русинот го совлада талентираниот Канаѓанец Оже-Алиасим со 3:0 (6:4, 7:5, 6:2) во сетови, а во своето трето финале во кариерата ќе се обиде да ја освои првата титула на еден од големите четири турнири.

Единствениот финален дуел помеѓу Ѓоковиќ и Медведев, кој секако ќе биде спектакуларен и ќе остане запаметен во историјата на тенисот. Ноле ќе се бори за ракордната 21 титула од најголемите турнири, и на тој начин ќе ги надмине најголемите ривали, Рожер Федерер и Рафаел Надал кои исто така имаат 20 грен слем трофеи.

Историски успех на Радукану: Преку квалификациите до титулата на УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот