Ѓоковиќ пријавен за настап на Австралија Опен

Новак Ѓокоивиќ се наоѓа на списокот на тенисери кои се пријавени за настап на првиот грен слем во годината/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата на тенисери кои се пријавени за настап на Австралија Опен.

Оваа одлука беше очекувана бидејќи Ѓоковиќ претходно го пријави настапот на АТП купот кој треба да се игра во Сиднеј, иако српскиот тенисер не сакаше да открие дали е вакциниран против коронавирус, што е услов за настап на првиот грен слем во сезоната и кој се игра во Мелбурн.

Сепак, Новак Ѓоковиќ се најде на листата на пријавени тенисери која ја објави организаторот.
Австралиските медиуми објавија дека сите тенисери и тенисерки кои се наоѓаат на списокот за настап или се вакцинирани или имаат право на исклучок.

Ова значи дека Ѓоковиќ во јануари идната година ќе се бори за 10 титула на Австралија Опен како и за рекордниот 21 грен слем трофеј во кариерата.

На листата на пријавени тенисери се наоѓаат и Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Хуберт Хуркач, Јаник Синер, Доминик Тим…

Кај тенисерките, на листата на пријавени се наоѓа Ешли Барти како и сите тенисерки од топ 10 на ВТА ранг листата. Австралија Опен треба да се одржи од 17 до 30 јануари идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот