Ѓоковиќ пред финалето против Алкараз: Нема да застанам тука, одам по златото

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Финалето на машкиот тениски турнир на Олимписките игри во Париз меѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) и Карлос Алкараз (Шпанија) ќе се игра в недела од 14.00 часот.

Вториот тенисер во светот Ѓоковиќ ја коментираше победата во полуфиналето на Олимписките игри против Лоренцо Музети 6:4, 6:2.

– Тешко е да се соберат сите емоции. Првпат поминав полуфинале на Олимписки игри. Нема да застанам тука, одам по златото, не сум задоволен со ова секако. Морам да славам, освоив медал. Јас секогаш си вршев најголем притисок врз себе, без разлика на сè што освоив, секогаш останува тоа дека не си донел злато на Србија. Се надевам дека ги израдував навивачите. Се надевам дека добро ќе поминам во финалето – рече Ѓоковиќ.

Негов противник за златото ќе биде Алкараз од кој загуби годинава на „Вимблдон“.

– Се надевам на моето најдобро издание. Ниту еден од нас не изгуби сет. Знам кој е тој предизвик, најтешкиот меч до сега – се зборивите на српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот