Ѓоковиќ повеќе не е на тронот, Алкараз се врати на првото место на АТП

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз го совлада Русинот Данил Медведев во финалето на Индијан Велс со 6:3 и 6:2.

Алкараз дојде до нова Мастерс титула во кариерата и повторно е на првото место на АТП листата.

Шпанецот со освојувањето на новите 1000 поени го престигна Новак Ѓоковиќ и моментно има 7,420 бодови.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ кој поради забраната за влез во САД немаше можност да го брани тронот, падна на втората позиција и има 7,160 бодови.

Третопласиран е Гркот Стефанос Циципас (5,770), на четвртото место Каспер Руд од Норвешка, а петтопласиран е финалистот на Индијан Велс, Медведев.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски напредуваше за две позиции на најновата АТП ранг листа, сега се наоѓа на 475 позиција со 86 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот