Ѓоковиќ постави нов рекорд, тој е единствениот на кој му успеало ова од 1973 година

фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата, а подвигот има посебно значење.

Имено, скокот на српскиот тенисер од петтото на првото место е всушност најголемиот во историјата. Никој не успеал да го достигне највисокото место од оваа позиција од 1973 година, кога е воведено рангирањето.

Првата АТП ранг листа била објавена на 23 август 1973 година, а Илие Настасе бил првиот тенисер број еден во светот.

Ѓоковиќ влезе во 374 недела како прв на АТП листата, одамна го надмина Рожер Федерер (310 недели) кај мажите, а сега атакува на рекордот на Штефи Граф од 377 недели во женска конкуренција на ВТА, па наскоро се очекува да постави нов рекорд во апсолутна конкуренција.

Ѓоковиќ не можел да прослави како што посакува, до три часот наутро бил на допинг контрола

ВИДЕО | Бојчев: Ѓоковиќ ја докажа големината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот