Ѓоковиќ по неуспехот во Токио: Ќе се вратам уште посилен во Париз

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Новак Ѓоковиќ не успеа на Летните олимписки игри во Токио да се закити со медал за Србија, но се надева дека тоа ќе го направи на следната Олимпијада во Париз 2024 година.

34-годишниот српски тениски ас после поразот за бронзениот медал против Пабло Карењо Буста, поради повреда не можеше да настапот во мечот за бронза, а многу тешко стоеше и пред камерите.

Тој рече само неколку зборови и се извини на нацијата. Откако поминаа деновите во кои имаше шанса да се собере и да ги среди мислите и емоциите, денеска по неуспехот во јапонскиот град ја испрати првата порака преку своите социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

– Беше голема чест да се претставува Србија на Олимпијадата. Жал ми е што тоа посебно искуство не заврши со еден од медалите за мене, но тоа ме прави уште помотивиран да продолжам да работам и уште посилно да се вратам во Париз за 3 години. Им посакувам среќа на нашите спортисти кои продолжуваат да се борат за медал! Ние навиваме – напиша Ѓоковиќ на „Инстаграм“.

Се очекува следниот голем предизвик Ѓоковиќ годинава да го има на грен слем турнирот „УС Опен“ (30 август – 12 септември) каде што ќе го брка признанието „златен“ слем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот